Исклучително достигнување во борбата против загадувањето - целото Средоземно Море прогласено з контролна област за емисиите на сулфур диоксид од бродовите

Почнувајќи од 1 јануари 2025 година, сите бродови кои пловат на Медитеранот (а со самототоа и на Јадранското море) ќе мораат да го ограничат уделот на сулфурни горива

на 0.1%, додека пак глобалната граница е 0.5%  -  оваа одлука ќе има огромно влијание на борбата против загадувањето на воздухот, а со самото тоа и на здравјето и социо-економската состојба на крајбрежните региони.

Редовниот состанок одржан од страна на потписниците на Конвенцијата за заштита на

морската средина и крајбрежните подрачја (Барселонска конвенција) и нејзините

протоколи - COP 22 влади и невладини организации се одржа во Анталија, Турција. Дополнително, покрај разгледувањето на напредокот на Медитеранскиот акциски план и имплементацијата на Барселонската конвенција во последните две години, донесени беа и одлуки за низа важни прашања кои се однесуваат на животната средина и просторниот развој, вклучувајќи го и прогласувањето на Медитеранот за зона за контрола во однос на емисијата на сулфурниот диоксид. Ова претставува најконкретно регионално достигнување во имплементацијата на Парискиот климатски договор и заклучоците од минатотогодишната Конференција на Обединетите Нации за климатските промени во Глазгов.

Државите членки на EUSAIR (Србија и Северна Македонија кои не се потписнички на Барселонската конвенција) ги поддржаа сите содржини усвоени на СОР 22 и се обврзаа на имплементација на одредбите, потврдувајќи ја важноста за јакнење на соработката за здрава животна средина и економија, земајќи ја предвид специфичноста на животната средина во областа на Медитеранот. Ова е и приоритет на  столбот за квалитет на животната средина во рамки на Стратегијата за ЕУ за Јадранско-јонскиот регион EUSAIR и европската транснационална програма Interreg ADRION, по што претстаниците ги презентираа достигнувањата во однос наПротоколот за интегрирано управување со крајбрежното подрачје и поморското просторно планирање. Тие се посветени на постигнување на целите на сината економија и одржливиот туризам, како и конкретни проекти за имплементација за зелени работни места во поздрава животна средина.

Сепак, патот до прогласување не беше лесен, бидејќи Египет беше против донесување на

одлуката. Непосредно пред крајот на COP 22, Египет ја укина својата блокада по разговорите со членовите на Медитеранската комисија за одржлив развој, со која претседаваше д-р Митја Брицељ, исто така координатор за квалитет на животната средина на тематската управувачка група во рамките на стратегијата EUSAIR.

Но, што во пракса значи прогласувањето на целокупниот Медитеран за област за контрола на емисијата на сулфур диоксид од бродовите? Државите членки на Конвенцијата од Барселона сега, со поддршка на Регионалниот центар за одговор на загадувањето за Медитеранот, ќе го координираат процесот на поднесување предлог за прогласување до Меѓународната поморска организација со неговото ефективно стапување во сила на 1 јануари 2025 година,  во Јадранот), помалку од 0,1%сулфур, додека глобално дозволената граница е 0,5%. Во моментов има уште четири области на контрола во светот за емисиите на сулфурен диоксид од бродовите, имено Балтичкото Море, Северното Море, Северна Америка и Карибите.

 За EUSAIR стратегијата

EUSAIR е стратегија на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион, која се однесува на заедничките предизвици на регионот и го зајакнува ангажманот на засегнатите страни за економска, социјална и територијална кохезија. Стратегијата беше усвоена од Европската комисија во 2014 година, со што стана трета макро-регионална стратегија во ЕУ во која се вклучени девет земји: Грција,Хрватска, Италија, Словенија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и од 2020 година за Северна Македонија. Се заснова на четири тематски столба:синиот раст, поврзувањето на регионот, квалитетот на животната средина и одржливиот туризам. Словенија, заедно со Босна и Херцеговина го координираат столбот за квалитет на животната средина, додека општина Изола како словенечка EUSAIR единица за поддршка извршува задачите на секретаријатот за тој столб. Целите се да се подобри квалитетот на животот на бреговите на заедничкото море, да се зачува биолошката разновидност и подобро да се управува со речнитесливови преку конкретни активности, но и да се применат режими засновани на почитување на екосистемските услуги на копно, на брегот и во морето во Јадранско-јонскиот регион.

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк.