Исклучените од парно повеќе нема да плаќаат надоместок

Крај на агонијата за голем број граѓани: со новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија се брише одредбата со која исклучените од парно греење со години плаќаа фиксен надоместок, пишува Дојче веле.

Граѓаните кои се исклучeни од системот за парно греење повеќе нема да плаќаат надоместок. Како што дознава Дојче веле ова е предвидено во новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија, за кои денеска треба да се дискутира на подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новите Правила за снабдување со топлинска енергија се укинува одредбата во членот 52, став 2, од старите Правила за снабдување со топлинска енергија, според која „исклучените потрошувачи се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија“.

Со новите Правила овој став комплетно се брише, а се воведува постапка на кој начин во иднина би можеле да се исклучуваат потрошувачите од системот за топлинска енергија. Владата уште во декември 2017 година вети дека домаќинствата во Скопје кои се исклучени од централното греење во 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање, но тоа не се реализираше. Во меѓувреме се чекаше регулаторите од РКЕ да ја добијат Студијата од МАНУ, која во изминатиот период правеше анализи какво е влијанието на исклучените врз системот за парно греење.

Како што дознаваме, единствената дилема што останува е - дали од плаќање фиксен надоместок да бидат ослободени и сопственици на дел во станбени, станбено-деловни и деловни објекти, каде распределбата на надоместокот се врши преку еден мерен уред, а во кој сопственикот не живее или не го користи објектот за деловни потреби.

Неофицијално, преовладува мислењето дека и тие треба да бидат ослободени од плаќање фиксен надоместок, но конечниот став допрва треба да биде донесен.

air max 90 essential sale