Исклучени патните премини на пругата меѓу станиците Ѓорче Петров и Јегуновце, возачите да бидат многу внимателни

Од ЈП Македонски железници инфраструктура – Скопје информираа дека заради честите кражби на витални делови од системот за осигурување на патните премини се нарушува безбедноста во одвивањето на железничкиот сообракај.

 „Затоа, почнувајки од 12 април, ЈП Македонски железници инфраструктура – Скопје ги исклучува од редовна работа патните премини на пругата Ѓ.Петров- Кичево помеѓу станиците Ѓ.Петров и Јегуновце, вклучувајќи ги сите патни премини кои гравитираат во овој дел од пругата“, соопшти Невзат Мамути, советник за односи со јавност на ЈП Македонски Железници –Инфраструктура Скопје

ЈП Македонски Железници Инфраструктура – Скопје апелира до граѓаните кои со нивните возила ги поминуваат овие патни премини да бидат внимателни.