Исхраната богата со риба може да го намали интензитетот на мигрените

Ако имате мигрена, веројатно веќе знаете како таа влијае на вас. 

Photo by micheile dot com on Unsplash

Според истражувачите, исхраната богата со масни киселини може значително да влијае на појавата и болката при мигрените. Затоа се препорачува често консумирање на лосос, туна и сардина. 

Ова се резултатите објавени во BMJ кои имале за цел да ги измерат ефектите од исхраната кај луѓето кои страдаат од мигрена. Според истражувачите, исхраната богата масни киселни значително придонесува за намалување на интензитетот на болката кај мигрените, но и нивната должина на траење. 

Доколку не јадете редовно риба, експертите додаваат дека треба да се земаат омега 3 и омега 6 како суплементи во исхраната. Рибиното масло е исто така корисно, но умерено и во консултација со лекар.