Иселувањето не запира, Германија и Италија омилени дестинации

Трендот на иселување од Македонија не запира. Потрагата за подобар живот е најчестата причини поради која луѓето се одлучуваат да ја напуштат својата земја.

За разлика од минатото кога најмногу се иселувале во Австралија Америка, Канада и Нов Зеланд денес поатрактивни се европските земји.Според податоците на агенцијата за иселеништво 100 илјади граѓани живеат во Германија додека во Италија 77 илјади македонци.

Томе Апостолов од Македонија кој 55 години живее надвор од својата земја вели дека секојдневно расте бројот на млади барајќи посветла иднина во Хрватска .

Според непотврдените проценки 30 милиони македонци се иселени и живеат во дијаспората. Најголемиот дел во прекуокенаските земји, но ги има и низ Европа. Од агенцијата за иселеништво велат дека неможе да се спречи иселувањето но клучниот проблем е да се намали одливот на квалитетните образовни кадри но и да се зачува идентитетот ,мајчиниот јазик и нашата култура.