Исечена шумата кај Патишка Река

Дека Македонија допрва ќе се справува со проблеми поради недостиг на зелени површини, полека но сигурно, на сите ни станува јасно. Сепак, ни овој факт не ги мотивира граѓаните на нашата земја, пред се, да ја почитуваат природата и нејзините благодети.

Вчера на Фејсбук страницата „Ta shpëtojmë Kodrën e Diellit“ се појави видео за кое се тврди дека докажува оти масовно се сечат дрвја на Шар Планина од страна на дрвокрадци, пишува Слободен печат. Видеото создаде револт, и во него се повикува на бунт против дрвокрадците.„Патишка Река, Скопско. Масакар! Направени патишта со тешка механизација за пустошење на масивот Јакупица“ - се вели во обајава.