По критиките на јавноста за фрлањето ѓубре од женската зграда од студенскиот дом „Пелагонија“, утрово таму сликата е поинаква. Под прозорците од каде студенти ги фрлале кеси и разен отпад, денеска е чисто, пренесе Радио Моф.

„Комунална хигиена“ најави акција за чистење денеска од 13 часот, но се чини дека студентите и раководстово во домот ги претркаа.