Исчистени Градски Парк, „Жена борец“, Кејот на Вардар, но и неколку булевари

Успешно завршена акцијата „72 часа“, информираа од ЈП Паркови и зеленило. Оттаму велат дека работеле со сите расположливи капацитети активно за расчистување и уредување на јавните и зелените површини низ градот.

Работејќи во три смени се спроведоа активности за собирање лисја и хартија, чистење на садовите за одлагање на отпад, чистење на парковите и зеленилото на следниве локации:

Еве кои локации се исчисија: 

- Градски парк

- Кеј на Вардар

- плоштадот и паркот „Жена борец“

- бул. Климент Охридски

-бул. Мајка Тереза

- бул. Илинден (од бул. 8ми Септември до бул. Гоце Делчев)

- бул. Партизански одреди

- бул. Гоце Делчев (од мостот до ул. Беласица и Судска палата)

- бул. Кочо Рацин

- ул. Кузман Јосифовски – Питу (централно подрачје до железничка станица)

- Кеј 13 Ноември спроти Холидеј Ин.