Исчистени 700 квадратни метри јавна површина во скопски Чаир

Службите на Град Скопје работат и во текот на ноќта.

Доцна синоќа, на локацијата кај раскрсницата помеѓу улица „Џон Кенеди“ и булеварот „Македонска Косовска Бригада“ во општина Чаир, беше спроведена ноќна акција за чистење на смет.

Исчистени 700 квадратни метри и отстранети од јавна површина 50 кубни метри смет, информираа од Град Скопје.