Исчистена мини депонија во Козле

Општина Карпош соопшти дека во координација со Секторот Инспекторат од Општина Карпош, вчера лицата задолжени за одржување на јавната хигиена во локалната самоуправа спроведоа акција за расчистување на теренот во населбата Козле.

Притоа, хигиеничарите од Карпош со помош на соодветна механизација ја исчистија помалата депонија која ја затекнаа на улица „Ловќенска“.

- Службите од Карпош и понатаму ќе работат со зголемен интензитет на одржување на чистотата на своја територија, а денешната акција е всушност продолжение на комуналните активности кои хигиеничарите од Карпош деновиве ги реализираа низ населбата Злокуќани, информира Општина Карпош.