
Исчистена е голема дива депонија на влезот на населеното место Кучевишка Бара во скопски Бутел.
- Продолжуваме со чистење на сите места во општина Бутел каде што е потребно. Исчистена е уште една големата депонија на влезот на населеното место Кучевишка Бара. Нашата цел е општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наш партнер во зачувување на хигиената! Граѓаните на општина Бутел заслужуваат да живеат во здрава и чиста средина! - порача градоначаликот на Бутел Дарко Костовски кој сподели видео од терен.