Исчистена дива депонија од 2.000 квадратни метри во Горно Лисиче

На мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација вчера успешно исчистија дива депонија по должината на кејот.

Како што посочи Град Скопје, станува збор за исчистена површина од две илјади квадратни метри, а биле собрани 250 кубни метри смет, кабаст и градежен шут.

Градоначалничката Арсовска извршила надзор над работата, а биле истакнати и останати локации каде што е потребно интервенција на службите на градот и јавните претпријатија.

– Градот Скопје ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат дивите депонии, се со цел нивно отстранување за превенирање на можностите на загадување на воздухот, почвата и водата, со што директно се влијае на отстранување на еден од причинителите кој придонесува за нарушување на здравјето на скопјани, се вели во соопштението.