Исчистен просторот спроти пазарот во Ѓорче Петров

Aктивисти на Црвен Крст од ОО Карпош, во рамки на редовните активности на подмладокот, изминатиов викенд организираа еколошка акција во делот спроти пазарот во Општина Ѓорче Петров. 

Акцијата се реализираше со поддршка на Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров .

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, упати благодарност за нивната свест и голем активизам со кој, како што вели Стојкоски, покажаа дека ваквите иницијативи со мала поддршка можат да дадат големи резултати.