Исчезнати две лица од Скопје: Се трага по девојка од Домот „Ранка Милановиќ“ и момче од Волково

Штитеничка од Домот „Ранка Милановиќ“ и момче од скопско Волково, вчера биле пријавени за исчезнати во две полициски станици во Скопје.

Како што соопшти МВР, во Полициската станица Гази Баба, вчера во 11 часот раководителката на Домот пријавила дека на 8 март во 15:55 часот од установата во непознат правец се оддалечила С.Р.(18) од Скопје, штитеничка на домот.

В.С.(46) од  село Волково, скопско, пак, Во Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во 18.20 часот пријавила дека на 17 март во 12.00 часот од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот син М.С.(19).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.