Исчезнатата Лидија е жената која беше извлечена од Вардар

 Жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од скопското село Јурумлери, пренесуваат дел од медиумите, повикувајќи се на изјави од нејзините најблиски.

Лидија (43) исчезна минатата година на осми ноември, а последен пат била видена на автобуската станица во селото Јурумлери.

Потрагата по неа траеше со месеци, а нејзиниот брат и нејзината сестра бараа и меѓународна помош за нејзино пронаоѓање. 

Телото беше пронајдено на 10.јануари, и истото било заглавено меѓѓу гранките.