Исчезната е 35-годишната Симона, семејството моли за помош!

Полицијата и семејството трагаат по Симона Стојкова (35), чиe исчезнување е пријавено на 23 април 2025 година.

Последен пат е слушната токму на денот на исчезнувањето, кога се јавила по телефон со врисоци од бројот 076 851 228, по што повеќе не е достапна.

Симона има кафена коса, кафени очи, висока е околу 175 сантиметри, и носи наочари. Според личниот опис, таа куца при одење бидејќи едната нога ѝ е пократка за 7 сантиметри.

Последната локација каде што е пријавена била видена не е прецизирана, но се апелира до сите граѓани кои имаат било какви информации или ја забележале лицето да се обратат до најблиската полициска станица или преку платформата najdime.org.mk.