Исчезнат е Аврам Петкоски: Последен пат е виден во понеделникот

На социјалните мрежи се споделува апелот за помош за пронаоѓање на скопјанецот Аврам Петкоски.
На момчето секоја трага му се губи во понеделникот наутро, а од семејството молат за било какви информации.

Случајот е пријавен и во СВР Скопје, од страна на неговиот брат С.П.(31) од Скопје. Тој пријавил дека неговиот брат А.П.(33), кој бил со здравствени проблеми, утрото излегол од дома.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.