Исчезнаа младо момче и две малолетни деца од Скопје

Во 18 часот во Полициската станица Гази Баба се јавил 50-годишниот И.С. од селото Јурумлери-скопско ивпријавил дека од домот во непознат правец се оддалечил неговиот син, 25-годишниот А.С. 

Исто така, вчера во 19,10 часот во Полициската станица Чаир, 21-годишниот Ќ.А. од Скопје пријавил дека неговата 12-годишна сестра истиот ден излегла од домот и не се вратила, додека  во 21,10 часот во Полициската станица Чаир, 37-годишната Н.Ј. од Скопје пријавила дека нејзиниот 15-годишен син истиот ден излегол од домот и не се вратил.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.