Исчезнаа бистата и натписот на ОУ „Петар Здравковски Пенко“ во Бутел

Јавно го прашувам градоначалникот Велимир Смилевски каде се бистата и натписот на во ОУ Петар Здравковски Пенко ?! Веќе неколку дена ова основно училиште во Бутел е без биста и натписна табла каде треба да бидат ликот и името на Петар Здравковски Пенко!, вели Дарко Костовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Бутел. 

Костовски прашува дали и ова беше предизборно ветување и дали градоначалникот има за цел преќутно да го преимени ова основно училиште?

„Дали градоначалникот има контрола над раководството во ова училиште? Очекувам брз одговор, заради интерес на загрижените граѓани од населеното место Скопје Север но и од територија на цела Општина Бутел, истакна Костовски.