Исчезнаа 15 годишно девојче и 70 годишна жена во Скопје

Во текот на вчерашниот ден, Д.И. (50) од Скопје, пријавила дека во неделата во 16.00 часот од улицата “Лазар Личеновски” од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 15 годишна внука.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Воедно вчера попладне околу 15:00 во скопската населба Ченто, исчезна жена во поодмината возраст - на околу 70 години. Последен пат е забележана на улицата Жегљане 34 А во Ченто, облечена во бела летна маица и сиви тенки панталони.

Иванка, која боледува од Алхајмерова болест се одзива на нејзиното име. За било каква информација, веднаш информирајте во најблиската полициска станица, каде полицијата е запознаена дека Иванка е пријавена како исчезната. 

Контакт и на телефонот 070/277-974.