Исчезна тинејџер од Тетово

19-годишник од Тетово е пријавен за исчезнат, откако неговата 64-годишна баба пријавила дека се оддалечил од домот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 16:30 часот во СВР Тетово.

З.А. пријавила дека нејзиниот внук С.А. (19) го напуштил домот на 10 август и оттогаш не е пронајден.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање.