Исчезна штитеник од домот „Ранка Милановиќ“

Исчезна 13 -годишен штитеник од домот „ Ранка Милановиќ“, полицијата трага по малолетникот.

Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 18 часот во Полициската станица Гази Баба социјален работник во Јавна здравствена установа „Ранка Милановиќ“, пријавил дека истиот ден од домот во непознат правец самоволно се оддалечил нивен штитеник на возраст од 13 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.