Исчезна момче од Скопје, семејството трага по младиот Јосиф

Младиот Јосиф Попов веќе два дена е исчезнат, а неговите најблиски покренаа акција по социјалните мрежи со цел да се олесни потрагата по него.

Јосиф живее во населбата Драчево, но известено е дека последен пат е виден на патот кон гимназијата „Јосип Броз-Тито“, каде требало да посетува настава. На социјалните мрежи кружат повеќе објави поврзани со неговото исчезнување, а од кои може да се заклучи дека тој неодамна е забележан во реонот на Универзална сала, а бил снимен и од безбедносните камери на пекарницата „Силбо“.

„Ова е Јосиф Попов. Вчера во 11 наутро му се губи траг за вечерва да го забележат во „Силбо“ околу 20:00h со човек по име Ангел Блажески, кој наводно е вратен од Канада. Со истиот тој се во контакт веќе извесен период, забележувани се во Влае, околу Сити мол, на плочник, Дебар Маало. Наводно човекот е бездомник и живее во некаква си колиба, по кажувањата на Јосиф, која се претпоставува дека е во реонот на Сити мол“, на Фејсбук објави Ивана Балабан.

Апелот е објавен и на Твитер.