Исчезна малолетничка од Скопје

Во текот на вчерашниот ден до МВР било пријавено дека малолетничка исчезнала. 

На 15.07.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Карпош С.С.(31) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила М.Х.(16), а истата и претходно била пријавувана дека го напуштала домот.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од МВР.