Исчезна 27-годишната девојка од Скопје, последен пат видена во Порта Влае

Девојка по име Драгана е исчезната вчера околу 21 часот во Скопје кај Порта Влае, стои во објавата на социјалните мрежи каде се споделува слика од девојката и се бара помош да биде пронајдена.

- Апел до сите граѓани, ве молам споделете. Девојката е исчезната, ве молам споделете и помогнете ни да ја најдеме. Исчезната е во околината на Влае. Името и е Драгана, стои во објавата.

Телефони за контакт:
075 450 104 / 070 322 930

- Во Скопје кај Порта Вале изчезнато е девојче на возраст од 27 години по име Драгана. Има кафена коса, зелени очи, последен пат е забележана во пругаста блузичка, црни тренерки и сиви патики. Ве молам доколку ја најдете контактирајте нe’, стои во објавата од Сузана Стојановска.