Иронија на „модерното“ Скопје: Во Вардар наместо риби, се „лови“ пластика

Во една од фејсбук групите која тематски обединува „стари скопјани“ се појави фотографија од централното подрачје на Скопје на која може да се забележи како граѓанин собира пластични шишиња од реката Вардар. Судејќи по количината околу неговиот товарен велосипед веројатно ја собира за продавање.

Иронијата оди до таму што од Вардар наместо граѓаните во немаштија да вадат риби за да се прехранат, тие вадат пластични шишиња за да можат да ги продадат. Односно, на толкавото загадување на реката со отпадоци, прашање е дали и рибата би била безбедна за јадење.

За жал, ова е една од суровите реалности која многу од нас некогаш и да не ја забележуваат.