Ирина Муресану и оркестарот на ФАМЕ'С со концерт за љубовта во Скопје

Ако некогаш се имате запрашано за љубовта: не се прашувајте: осетете ја. На 16ти Септември, во 21:00 часот во Музејот за современа уметност, ќе се одржи класично-визуелен концерт „За Љубовта“, предводен од реномираната виолинистка Ирина Муресану, придружена од оркестрата на институтот ФАМЕ'С и претставувајки моќен визуелен елемент придонесен и насликан во живо од уметничките Сихана Сејфулаји и Ангела Бошевска.

Се разбира, сите имаме некаква претпоставка за љубовта: дали секјавање, момент, песна, или пак нешто истакнато од краевите на нашата имагинација: непипливо чуство кое ретко се повторува освен преку музиката, или пак нијансата на сликарството. Со помошта на уметничките Сихана Сејфулаји и Ангела Бошевска, оркестрата на ФАМЕ'С и солистката Ирина Муресану ќе отсвират четири препознатливи дела за љубовта, се додека двете уметнички произведуваат сликарско дело во живо. Како што музиката се одвива, така и репрезентативната визуелна експресија ќе се прикаже пред очите на концертната публика.

Програмата ја отвора Романсата на Ејми Бич — лирско дело полно со препознатлива топлина и интимност. Потоа следи „Echorus” на Филип Глас за две соло виолини, минималистичка композиција со медитативен карактер. Потоа, виртуозната „Кармен” фантазија на Пабло де Сарасате, инспирирана од операта на Бизе, ја носи страста и раскошот на шпанскиот музички израз. И, за крај, вечерта ја заокружува „Преобразена ноќ” на Арнолд Шенберг — монументално дело за љубовта, болката и преобразбата, напишано според песна на Рихард Демел.

Во улога на виолинистка и диригентка, концертот го води Ирина Муресану — виолинистка родена во Романија, со настапи низ САД, Канада, Европа, Азија и Јужна Африка. Добитничка е на највисоки награди на престижни меѓународни натпревари, меѓу кои Montreal International, Queen Elisabeth International и UNISA International String. Моментално е вонреден професор на Универзитетот во Мериленд, а свири на виолина изработена од Џузепе Рока во 1849 година.

Оваа синтеза на музичка и уметничка експресија го претставува вториот курс на 14тото (и последно за 2026та година) издание на резиденцијална размена овозможена од ФАМЕ'С Институтот, кој овозможува карактерно уникатни програми за млади класични музичари низ цела Европа да престојуваат во Скопје, каде што вежбаат, припремаат и професионално снимаат концертна програма целосно од почеток до крај во еднонеделен рок.

Со тоа, концертот „За Љубовта“ претставува една финална и целосна изработка на инаку неопишливо чуство: преку различни медиуми, различни дела, различни ери, како и различна фузија на визуелното и звучното, 16ти Септември нуди можност секој да искуси тоа што многумина од нас доживотно го бркаме.

Картите „За Љубовта“ може да се купат во моментов на MKTickets, по цена од 500 денари.