Iqos се подеднакво лоши за здравјето, а во голем број земји и забранети за продажба

Од неодамна на пазарот во Македонија во слободна продажба се наоѓаат iqos уредите кои треба да бидат замена за традиционалните цигари. Позади овие производи стои светскиот гигант Филип Морис кој тврди дека тие не се штетни за здравјето и дека имаат позитивно влијание во процесот на откажување од пушење, но голем дел од светските истражувања и анализи покажуваат сосема спротивни резултати.  

Најголемиот дел од истражувања велат дека нивото на никотин во овие електронски уреди е приближно исто како и нормалните цигари, а паралелно со тоа тие потврдуваат дека овие уреди се исто толку лоши за белите дробови како и обични цигари, но додаваат дека тие имаат штетно влијание и го уштетуваат иминиот систем. 

Едно од последните истражувања направени од универзитетот Калифорнија во Сан Франциско оди до таму што вели дека iqos уредите може да бидат причина за сериозно белодробно воспаление и токму ова истражување уште еднаш го потврдува фактот дека кај испитаниците не се забележани никаквви промени во споредба со оние кои редовно пушат цигари. Тие додаваат и дека производителот не успеал да објасни како аеросолите кои се наоѓаат во iqos уредите влијаат на здравјето и според многумина се причина за негативните последици кои овие уреди ги имаат. 

Паралелно со големиот број истражувања кои говарот за негативниот ефект на уредите врз здравјето, расте и бројот на земји кои ги забрануваат на своите пазари. Инидија, голем дел од азиските земји, но и некој од земјите од САД донесоа одлуки дека уредите не треба да се продаваат на нивните пазари. Причините се различни, но најчесто тие тргнуваат од фактот дека овие уреди негативно влијаат на здравјето и го потикнуваат пушењето помеѓу граѓаните.