Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција инфомираше дека 52 отсто од граѓаните прифаќаат уставни измени со одложено дејство кои би стапиле на сила со влезот на Македонија во ЕУ. Оваа анкета ја има направено ИПИС со телефонски и теренски дел. Првиот дел на анкетата ( телефонската анкета) е направена во периодот од 9-ти до 13 октомври на 1500, а теренската од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.
Од она што може да се забележи дека 42 проценти се против промена на уставот и со ваков услов. Ако се гледа етнички, 49% Македонци се противат на уставни измени со одложено дејство, а за 42 се прифатливи. Кај Албанците, 52 се за, а 39 насто се против вакво решение.
Во истата анкета, 47 насто од Македонците се против уставни измени со гаранции од Европскиот парламент со истовремена регистрација на македонските здруженија во Бугарија, а 44 насто се согласуваат со вакви гаранции. Кај Албанците, дури 77 насто се согласни со ваков чин, а кај останатите заедници 40 проценти се противат на ваквиот чекор.
Против прифажањето на Францускиот предлог се 53 насто од граѓаните, а 28 насто се согласуваат со него. 19% не одговориле. Кај Македонците, 66% се против, а само 18 насто го прифаќаат.