Инвеститорот и утрово продолжи со активности за изградба на висококатницата кај Мајчин дом (видео)

Инвеститорот и утрово продолжи со активности на зелената парцела која ја красеше околината на Мајчин дом.

Тензично беше на протестот на граѓаните на Општина Аеродром кои вчера се собраа на протест против изградбата на деветкатница кај „Мајчин дом“, а воедно и да го изразат незадоволството од градоначалникот на Општината, Златко Марин.

-Нашата порака не беше разбрана, затоа се гледаме повторно на протест! Во 17 часот на раскрсницата кај Мајчин дом!, напишаа челновите на Фејсбук групата Сакаме Аеродром да дише.