
Главната улица 21 во Расадник во Бутел е целосно завршена, информираше градоначалникот на општината Дарко Костовски.
- Продолжуваме со силна градежна офанзива и ги реализираме ветувањата. Ги менуваме работите за да обезбедиме пристојни услови за живот на сите граѓани. Направив увид во градежните активности на улица 21 во населеното место Расадник која во најбрз можен рок е целосно реконструирана. Ова е улица во должина од 450 метри. На барање на жителите обезбедени се и дополнителни паркинг места на улица 21, информираше Костовски и најави дека во ова населено место ќе се реконструираат и улиците: Бутелска 2, Ангел Мојсковскиа, Александар Грличков и Љубинка Басотова.
- Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес. Продолжуваме, заедно со сите вас да ја градиме и развиваме општина Бутел во модерно и подобро место за живеење! - порача од терен првиот човек на Бутел.