Интервју со Марио Милески, МДН Обезбедување: Основна движечка сила на секој човек треба да е потребата за придонес и создавање вредности

Во денешното интервју разговараме со младиот и успешен претприемач Марио Милески кој е менаџер во компанијата за обезбедување на имот и лица - МДН Обезбедување

Разговараме за историјата на компанијата, предизвиците кои младите преприемачи со соочуваат во својата работа, бизнис климате и времето во кое живееме. Но, тој дава одговор и на прашања поврзани со безбедноста на главниот град и дава совети за младите претприемачи.

Ние младите не смееме да губиме време и мора постојано да сме активни, во учење и образовно напредување, во создавање нови вредности и во креирање и отварање на нови видици. За нашите генерации не треба да постојат бариери и современиот живот не признава ниту физички, ни ментални граници. Ние сме спремни на соочување и надминување на секакви предизвици, вели Марио во интервјуто.

Тимот МДН го сочинуваат мотивирани и професионални лица. Сите вработени поседуваат лиценца и легитимација за обезбедување, поседуваат безбедносна култура и однос кон секој клиент.

Безбедноста претставува една од основните човекови потреби и мене лично од секогаш ме фасцинирала идејата да можам да помогнам другите да бидат посреќни или поисполнети во тековното живеење и генерално позитивно да придонесам во суштински дел од функционирањето на луѓето, додава Марио. 

Кажи ни на кратко за компанијата која ти ја раководиш: која е историјата, структурата?

Друштвото за обезбедување имоти и лица МДН Обезбедување од Скопје е компанија чија основна дејност е приватно обезбедување. Оваа година компанијата го одбележува својот јубилеј 18 години постење и полнолетство во своето работење.  Постигнатите резултати и работењето на компанијата се одраз на високо позиционирање и профилирање во дејноста и одраз на одлична ефикасност во справување со професионалните предизвици на македонскиот пазар. Со задоволство можам да истакнам дека периодот на раст и развој на МДН Обезбедување во изминатите 18 години па се до денес следи една траекторија во која компанијата истовремено вложува во унапредување на квалитететот во работењето и надградба на  понудата на пазарот на услуги. Токму во тој контекст се моделирани и структурирани сите наши активности а нашата нескриена амбиција е компанијата да продолжи во својот натамошен раст и развој уште многу години.

Млад човек на врвот на една таква сериозна и комплексна организација,  што подразбира твоето управување и раководење со компанијата?

Голем предизвик за мене лично претставува раководењето со компанијата. Пред сѐ, тоа е правен субјект, со сложена организациска структура поради специфичноста во работењето. Од друга страна дејноста со која се занимава компанијата е од јавен интерес, што значи дека секојдневно и во работата и во постапувањето на нашите вработени има примена на јавни овластувања кои гарантираат, но и засегаат во основните човекови права и слободи и во таа смисла се многу суптилни. Ваквите состојби наметнуваат потреби од добро познавење на работата, но и способност за брзо и ефикасно носење на одлуки и постапување.  Секако, треба да се споменат и предизвиците на економскиот аспект на функционирањето, борбата за постигнување на колку што е можено подобри услови за работа и бенефиции за вработените, кои мора да бидат балансирани со квалитетот на услугата која ја нудиме како компанија. Мојот работен ангажман подразбира пред сѐ еден сестран пристап во менаџирањето и постојан мониторинг над работните процеси.

Живееме во динамично време со променлива бизнис клима,  што значи за тебе како млад човек да се биде дел на една компанија со толкава голема бројка на вработени?

Бројот на вработени во нашиот сектор првенствено се поврзува со неизвесноста од континуираната флуктуација на работниците. Ова е карактеристика на секторот приватно обезбедување во глобални рамки, па и во нашата држава и во нашата компанија. Поради тоа во МДН Обезбедување високо на листата на приоритети како поставена цел е да ги задржиме вработените, да ги мотивираме на лојалност и посветеност и да им создадеме услови да се чувстуваат како дел од едно големо семејство. Една од многубројните задачи која сам себе си сум си ја поставил е да се трудиме и постојано да вложуваме во унапредување на знаењата за управување со човечките ресурси. Сметам дека креираната политика за развој во кариерата ни овозможува материјалниот бенефит да го дополниме со други содржини кои се од интерес за нашите вработени.

Вашите луѓе може да се забележат на неколку клучни локации во градот, каков е вашиот впечаток за Скопје: дали живееме во безбеден град?

Критериумите за безбедност од стручен аспект се прилично комплексни,  па ако Скопје го споредуваме со светските метрополи можеби ќе заклучиме дека нема постојана закана од тероризам, други форми на насилен криминал во големи размери и сл. Но сепак, во наши национални рамки сведоци сме на насилство во јавниот превоз или на спортски манифестации, разбојништва, но и тешки кражби во домови на граѓаните. Секако дека полициските службеници и припадниците на Министерството за внатрешни работи доследно си ги вршат своите надлежности согласно расположивите ресурси, но токму во тој контекст ќе си дозволам да истакнам дека приватното обезбедување може многу да помогне. Во развиените земји има бројни позитивни примери за соработка на приватното обезбедување со полицијата на терен и во нашата држава постојат сегменти во кои приватното обезбедување може да придонесе со што дополнително ќе се гарнтира безбедноста на граѓаните.

Очигледна реалност е дека граѓаните полека но сигурно ги препознаваат бенифитите кои ги добиваат од користење на услугите од приватниот безбедносен сектор и сѐ повеќе ги користат истите.

Каков е процесот на регрутирање, дали во вашите редови има простор за млади луѓе?

Се разбира дека младите се секогаш добредојдени и со своите идеи и со своите професионални способности. Секоја малда индивидуа која има амбиција да се занимава со оваа дејност, дури и како привремена професија или сл. е добредојдена во нашите редови.

МДН Обезбедување има развиено повеќеслоен процес на регрутирање на кадри. На основното ниво, при вработување на работници за приватно обезбедување покрај исполнување на задолжителните законски услови за нашата дејност (Лиценца за работа) настојуваме кадрите коишто ги вработувме да имаат изразени интерперсонални вештини, особено да се добри во комуникација, соработка, помагање на други лица, трпение, одговорност итн. Квалитет пред кванититет е нашето мото по кое се раководиме.

Во однос на раководните кадри во МДН Обезбедување, компаниска политика е    менаџерскиот кадар да го содаваме интерно, преку градење на капацитетите на вработените кои покажуваат посебни способности, во кои натаму интензивно        вложуваме во стекнување на менаџерски знаења и вештини потребни за раководење во безбедносниот сектор. Особено внимание посветуваме на градење на лидерски способности, комуникација, управување и разрешување на конфликти итн.

Имаш дипломирано на безбедност, а и магистратурата тие во таа областа. Од каде љубовта кон безбедноста и интересот тоа да биде твојата животна професија?

Безбедноста претставува една од основните човекови потреби и мене лично од секогаш ме фасцинирала идејата да можам да помогнам другите да бидат посреќни или поисполнети во тековното живеење и генерално позитивно да придонесам во суштински дел од функционирањето на луѓето.

Факт е дека оваа професија впрочен и многу други, наметнува огромна одговорност, но истовремено само оние кои сме непосредно инволвирани во безбедноста ја чувстуваат сатисфакцијата од гаранција на мирот и спокојот на лицата кои токму нам ни ги доверуваат своите најважни, најсвети вредности, односно безбедноста на семејството, имотот, сѐ она што им е важно и што го создале и што го поседуваат.

Во тој контекст, безбедноста за мене секогаш била и денес е професијата преку која сакам и можам да ја реализирам личната визија и сопствениот придонес започнувајки од еден микро свет, тоа е сега нашата компанија, па натаму тежнеејќи кон поголем придонес за добробит со подалекусежни размери.

Зошто се реши наместо во државна администрација да се насочиш во областа на економијата и бизнисот?

Потекнувам од семејство кое скоро цел свој работен век градело кариера во приватен бизнис. Во моето семејство за работата се зборува секогаш и во секоја прилика, и на работно место и на семеен ручек и во суштина за нас приватниот бизнис е ментална матрица и начин на живот... ха,ха,ха Воспитани сме во духот дека секој ќе има толку колку што ќе заработи, а приватниот бизнис дава можност да заработиш сразмерно на вложувањата, способностите и завршената работа.

Воедно, јас лично сметам дека основната движечка сила на човекот треба да е потребата за придонес и создавање вредности, а јас себе се гледам дека најкавлитетно можам да се реализирам преку работење во сопствена компанија. На овој начин сметам дека имам прилика да вложам максимален напор за да постигнам квалитетни резултати кои позитивно ќе се рефлектираат во многу поширок дијапазон отколку во било која работа во администрацијата или како вработен во некоја друга компанија.

Моето досегашно академско образование планирам да го надоградам во најскоро време и моите амбиции не застануваат тука. На ваков начин и  со сите мои заложби убеден сум дека ќе можам да оставам посебен белег како во стручната област на приватното обезбедување, да помогнам на корисниците на нашите услуги да функционираат безбедно, така и во економска смисла, да дадам свој придонес во системот преку грижа за повеќе од 250 вработени и нивните семејства.

Кои се најважните совети кои би ги споделил со младите луѓе кои се двоумат дали да започнат бизнис?

Првиот совет е воопшто да не се двоумат, да одлучат, да дејствуваат и веднаш да се зафатат со работа. Ние младите не смееме да губиме време и мора постојано да сме активни, во учење и образовно напредување, во создавање нови вредности и во креирање и отварање на нови видици. За нашите генерации не треба да постојат бариери и современиот живот не признава ниту физички, ни ментални граници. Ние сме спремни на соочување и надминување на секакви предизвици.

Во таа смисла, искрено им препорачувам на младите генерации да веруваат во себе, да го употребат секој миг ефективно и да ја искористат секоја шанса за да создадат личен успех и вредност во општеството.

nike dunk high black leather chair for sale | Men's Sneakers