Интервју со Игор Давков: Брендовите кои се најпопуларни и прв избор за Македонците сега се на дофат во Ист Гејт Мол

Семејство со повеќе од 220 брендови на површина од 160.000 м2, вака денес, четири месеци по отворањето изгледа најголемиот шопинг мол во државата. Инвестицијата која е вредна повеќе од 110 милиони евра, месечно ја посетуваат повеќе од 700 илјади посетители и овој број постојан расте. Со отворањето на Ист Гејт Мол, Скопје доби ново место за културни збиднувања и експо настани, а посетителите доаѓаат од Скопје, околните градови, но и од соседните држави. Брендовите кои се најпопуларни и прв избор за Македонците при посета на странски трговски центри сега се на дофат на потрошувачите на Ист Гејт Мол. 

За резултатите од досегашното работење, позиционирањето на пазаерот, најавите за оваа година и плановите на среден и долг рок разговараме со Извршниот директор на Ист Гејт Мол, Игор Давков. 

Четири месеци по отворањето на Ист Гејт Мол, колку бројките ги оправдаат вашите планови и очекувањата на потрошувачите?

Ист Гејт Мол е инвестиција вредна 110 милиони евра. Покрај придобивките за акционерите, оваа инвестиција носи придобивки за развојот на локалната економија и зголемување на вработеноста. Во Ист Гејт Мол директно и индиректно обезбеди вработување на околу 2500 лица, без притоа да има било какви субвенции или олеснувања, односно на сосема комерцијална основа.

Успеавме да го изградиме и да го отвориме центарот со вкупна изградена површина од 160.000м2 во предвидениот рок. Центарот во моментот на отварање достигна закупеност од 98%, а над 92% од површината беше отворена за посетителите на датумот на отворање на центарот. Во услови на пандемија и забавување на глобалните текови  навремена реализација на проектот, за само 23 месеци, како на страната на инвеститорот така и на сите закупците може да се квалификува како еден мал подвиг.

Иницијалните податоци глобално се задоволителни и се во рамките на очекувањата утврдени со нашите проекции. Сепак се работи за краток период од само неколку месеци по отворањето на центарот. Правилна оценка за приносот на инвестицијата ќе можеме да дадеме по стабилизирање на операциите на трговскиот центар што вообичаено за ваков тип на инвестиции може да се види после третата година од работењето на центарот.

Ист Гејт Мол месечно го посетуваат околу 700.000 посетители. Најпосетени се вообичаено викендите кога посетеноста на центарот е приближно двојно повисока од работните денови.  Очекуваме посетеноста да се зголеми со спласнувањето на пандемијата и очекуваното релаксирање на COVID-19 мерките од страна на државните регулатори во текот на пролетните месеци. Дополнително, со спласнување на пандемијата се очекува враќање и на викенд шопинг туристите од соседните земји.

Внимаваме на комфорот на нашите посетители посебно во периодите на акцелерирање на пандемијата. За таа цел имплементиравме софистициран процес на дезинфицирање и чистење во 10 чекори, најнови VRF системи за прочистување и филтрација на воздухот, автоматизирана арка-при влез која овозможува дезинфекција и детекција на температура – со што сме прв центар со ваков систем во регионот.

Успеа ли Ист Гејт Мол да стане регионална шопинг дестинација?

Позиционирањето на центарот и привлекувањето на посетителите во регионот е процес кој неможе да се случи во неколку месеци. Од месец на месец се бележи константен пораст на посетеноста на центарот од посетители не само од останатите градови во земјата туку и од соседните земји. Посебно важни за нас се посетителите од дестинациите како Косово и Јужна Србија, Бугарија, како и патниците кои транзитираат по автопатот Е-75 кон Грција и од Грција кон земјите на источна и западна Европа. Пред нас претстои првата сезона за која интензивно се подготвуваме маркетингшки користејќи ги притоа не само класичните канали за комуникација туку и алатките кои ги овозможува дигиталниот маркетинг за  целно рекламирање преку социјалните медиуми.  

Од денешната перспектива, што денес може да се најде во најголемиот шопинг мол во Скопје?

Брендовите кои се најпопуларни и прв избор за Македонците при посета на странски трговски центри сега се на дофат на нашите потрошувачи. Со Ист Гејт Мол се намалуваат брендовите за кои македонците пазарат надвор од земјата. Ист Гејт Мол нуди голем избор, разноврсност и брендови по терк на сите граѓани. Одличен избор за се’ на едно место. Oдличен микс на шопинг, услуги, храна, гастрономија и забава. Над 50% од центарот е мода за мажи, жени и деца. Оттука, најпопуларни од отворањето до денес се:

  • Индитекс со цело портфолио: Zara, Zara Home, Oysho, Massimo Dutti, Stradivarius, Pull and Bear, Stradivarius.
  • LPP со цело портфолио: Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House;
  • Неодамна во центарот беше отворен најголемиот и најмодерниот фитнес и велнес центар во градот, Palestra Fitness, кој е целосно опремен со најнова Technogym 2021 опрема и претставува можност на нашите посетители да рекреираат во духот на здравите животни навики, како и,
  • брендовитѕе кои единствено можат да се сретнат во Ист Гејт Мол како: Armani Exchange, DeFacto, Kiko Milano, Dan John, Patrizia Pepe, Twinset, Mango Man-Kids-Woman, Prenatal, English Learning Center,The Athletes’ Foot, Under Armour,Playpark, Sarajeva Steak House, Ozdilek, Saat & Saat, Krusel а наскоро и Hugo, H&M. 

Не заостануваат по атрактивност и посетеност мултибренд продавниците: Fashion and Friends, Fashion House, City Fashion, XYZ кои изобилуваат со понуда и брендови од т.н сегмент на висока мода.

Нашето семејство на закупци брои повеќе од 220 брендови и не е возможно да ги набројам сите во интервјуата како и во ова мое обраќање.

Центарот станува посебно важен за потрошувачите од почетокот на оваа година од причина што само маркетите во трговските центри со површина над 8000м2 имаат право да работат во недела. Нескромно можам да кажам дека нашиот центар, во Ист Гејт Мол, го има најубавиот супермаркет во градот благодарејќи на нашиот закупец Тинекс чиј супермаркет претставувам пример не само локално туку и регионално за тоа како треба да изгледа и каква понуда треба да има еден супермаркет лоциран во трговски центар.

Центарот е позициониран како мол дестинација и нашите посетители освен за шопинг, центарот посебно во текот на викендите потрошувачите го посетуваат за целодневна забава.

Со отворањето на Ист Гејт Мол, Скопје доби ново место и за културни збиднувања и експо настани. Би сакал да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на мојот маркетинг тим за големиот број на културни настани, експо манифестации, перформанси, модни ревии. Во поддршка на македонската ракометна репрезентација јануари 2022 година, Ист Гејт Мол го одбележа како месец на ракометот со настани за следење на натпреварите на македонската репрезентација како и диретно вкучување во програмата на Спортско радио во преносите на ракометните натпревари. 

Ја користам оваа прилика да најавам повеќе уникатни настани настани во текот на сезоната пролет/лето вклучувајќи го овде и модното шоу на македонската модна икона Снежана Сани Богдановска, со ревитализацијата на емисијата посветена на мода и моден стил ,,House of Fashion” која од овој месецпочнува да се снима во Ист Гејт Мол.

Се чини дека делот околу молот се уште не до крај урбанистички уреден, дали можеби вие избравте со стартот или пак општините се спори во исполнување на нивните обврски?

Не би се сложил дека отворањето на центарот беше избрано. Да, урбанистички има повеќе работи кои се во завршна фаза или ќе бидат завршени во текот на месец февруари и март оваа година. Ист Гејт Мол е одговорен корпоративен ентитет и како таков во координација со сите останати надлежни чинители активно работи на урбанистичкото уредување на просторот во непосредно опкружување на центарот. Деновиве се привршуваат градежните работи на булеварот Гоце Делчев, каде инвеститор е градот Скопје, со што потрошувачите ќе може непречено да ги користат јужните влезови и излези од центарот. Со ова очекуваме да се релаксира сообраќајниот метеж кој се креираше на овој потег заради тековните градежни работи.  

Најавивте доаѓање на еден голем и нов бренд (H&M) може да ни откриете повеќе детали околу ова? Кога е планирано компанијата да започне со продажба на нашиот пазар?

Најбараниот бренд конечно пристигнува во Македонија и тоа во Ист Гејт Мол. Ист Гејт Мол ќе биде прва дестинација во земјата на долгоочекуваниот шведски бренд за брза мода. Преговорите со шведската компанија ги завршивме непосредно пред отварањето на центарот. Ист Гејт Мол како регионална дестинација беше прв и природен избор на овој глобален бренд за влез на македонскиот пазар. Потенцијалот на центарот беше пресуден овој огромен ритеил магнат, во услови на пандемија, кога ритеил бизнисот се повеќе се сели онлајн, да се позиционира на нашиот пазар на површина од приближно 2500м2.  

Просторот е веќе успешно превземен од страна на брендот, а работите на ентериерот и уредувањето на продавницата треба да започнат во текот на следниот месец.

Генерациите Х, Y, Z од земјата и регионот во Ист Гејт Мол ќе имаат уникатна можност да уживаат во модните парчиња на овој бренд, почнувајќи веќе од колекцијата есен/зима 2022 година.

Кои се плановите за до крајот на 2022 година? Дали би можеле да очекуваме некој друг голем бренд?

Со отворањето на H&M и киното во текот на втората половина од 2022 година трговскиот центар ќе биде 100% исполнет со закупци. Оттука, нашиот фокус во 2022 година ќе биде на нашите посетители да им понудиме богата содржина исполнета со настани кои ќе обезбедат забава за сите генерации. Оттука, плановите за 2022 пред се се насочени кон сериозни маркетинг кампањи  и богата календарска програма на настани како поддршка на нашите закупци.