Во динамиката на брзото живеење каде секојдневно сме опкружени со настани и реклами, соработката со маркетинг и дигитална агенција е неизоставен дел од секое поголемо случување, но и важна алатка и поддршка на секоја компанија.
За предизвиците на секојдневното работење, успешните приказни, визијата во бизнисот, актуелните проекти и планови разговараме со Емилија Илиевска, косопственик на маркетинг агенција.
Работите динамична работа, косопственик сте на маркетинг агенција, како изгледа еден работен ден на Емилија Илиевска?
Како косопственик на маркетинг агенција, имам доста динамичен работен ден кој обично е исклучително забавен и предизвикувачки. Веќе со станувањето го проверувам е-маилот, одговарам на најважните пораки и размислувам за дневните обврски. Потоа со мојот бизнис партнер правам стратегија и план. Се среќаваме со вработените и разгледуваме кои клиенти или проекти ќе бидат приоритети за тој ден. Заедно со тимот, анализираме трендови во индустријата и ги креираме стратегиите и плановите за активности кои ќе се спроведат. Во зависност од тежината и видот на операциите понекогаш сум во канцеларија а понекогаш теренски.
Вашата агенција работи и за ноќниот клуб „Pure“, кој изминатиот период го зема приматот „центар на ноќниот живот“ во Скопје. Колку сте задоволни од досегашното искуство, дали се враќа навиката кај скопјани за добрите ноќни забави?
Дел сме од една убава скопска приказна, визијата на клубот е да биде „центар на ноќниот живот“ односно прв избор за оние со истенчен вкус. Сопствениците имаат големо влијание во креирањето на ноќниот живот во последните 20 години, доста се внимава на имиџот, програмата, селекцијата на гости, визуелизациите и каналите преку кои се комуницираат настаните. PURE понуди амбиент по светски стандарди, ги врати и постарите скопјани во клубот, го размрда ноќниот живот и понуди едно поинакво искуство. Како агенција ги водиме маркетинг и ПР активностите а често и даваме консултации околу програмата и сл.
Во однос на работата на маркетинг агенцијата, на кои проекти работи во моментот и кои се плановите за во иднина?
Изминатиот период реализиравме повеќе кампањи и неколку настани, во Јуни го организиравме настанот „Маалски игри без граници“ , кој силно одекна низ јавноста и беше најпосетениот настан за деца во првиот дел од годината, горди сме што инициравме ваква кампања и направивме настан во кој буквално сите уживаа. Продолжуваме да ги опслужуваме клиентите на дневна основа а и ги подготвуваме следните настани кои несомнено ќе ги освојат срцата на многумина. Се работи за семејни настани, Фестивалот на виното во Скопје кој ќе се одржи на плоштадот Скопје од 5 до 7 октомври, Овчеполски Гроздобер, Бела ноќ и други ... Истотака се подготвуваме за голем ТВ проект кој би требало да го започнеме кон крајот на годината.
Сезоната на летни одмори полека завршува, како ќе изгледа тоа од аспект на ноќен живот во Скопје, настани и други активности?
Скопјани полека завршуваат со одморите, па клубови почнаа да се полнат, нашата програма во PURE го нуди најдоброто од домашната сцена и од регионалните ѕвезди. Сопствениците имаат амбициозен план и програма за развој на диското, ние сме тука да ги поддржиме и да помогнеме во реализација на нивните планови.
На пазарот постојат многу агенции, во што Вашата агенција се разликува и во што сте најдобри?
Би кажала пазарот е огромен и неискористен, простор за работа има за сите. Воглавно сме фокусирани на настани и услуга "клуч на рака", покрај услугите за настани, работиме и дигитален маркетинг, ПР и консултации за водење бизнис. Релативно мала компанија сме но соработуваме и ја делиме работата на повеќе компании