Интервенираше Брзата помош: Повредени има од двете страни – и демонстранти и полицајци (ВИДЕО)

Дел од демонстрантите, кои во моментот се на булеварот пред ТЦ „Мавровка“, предизвикаа тензии и фрлаа предмети кон полицискиот кордон кој не им дозволува да продолжат со маршот кон Основниот суд во Скопје и кон Собранието.

Додека едни ја напаѓаат полицијата, други демонстранти ги смируваат учесниците на протестот. Има и повредени од двете страни, при што интервенираше и Брзата помош, објавија од 360 степени.