Интерни предавања за библиотекарство и библиотекарско работење

На 30-ти ноември, 2022 година, во централната библиотека „Другарче“, се одржа третата работна средба – „Интерни предавања за библиотекарство и библиотекарско работење“ со библиотекарите кои работат во одделенијата за зајмување и обработка на книжен фонд во градската библиотека, информираат од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје.

-Излагања на теми од областа на библиотекарското работење имаа библиотекари советници вработени во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје. Презентации за библиотекарското работење, нови насоки и тенденции во библиотекарството, значењето на Универзалната децимална класификација во процесот на библиотечното работење и примена и користење на програмската подршка COBISS 3 (Кооперативен онлајн библиграфски систем и сервиси) имаа: Силвана Јакимова, библиотекар советник – „Универзална децимална класификација“ и Јулија Темелкова, библиотекар советник- „Програмска подршка COBISS 3 – каталогизација, фонд, зајмување“ - соопштуваат од библиотеката.