Интерeсна и потресна исповед на Турбофолкерот од Скопје

Скопје е град кој што изобилува со богата турбофолкерска понуда. Тешко е да најдеш урбано место, но настан каде што ечи Цеца и Лепа Брена секој ден се наоѓа на “културниот” репертоар на градот. Во последно време за жал турбофолкерите се се почеста појава низ градот, па затоа се плашам да не се огранизираат во здружение како гејовите и да почнат да ги бараат нивните права. Во продолжение ви пренесуваме едно интересно патешествије на турбофолкер низ Скопје. Напоменуваме дека станува збор за нецензурирана и нелекторирана исповест на турбофолкерот.

Пишува Турбофолкерот:
 

Додека чекам да се уклучи некое девојче на чат на фејсбук за да го договорам вечер за у диско, у позадина свири Синан Сакич на Зона М1 радио. Добрата песна ми ја прекинува реклама која вика: вечерва во клуб Инсајд гостува мајсторот за живите свирки – Џони. У моментот како што завршува рекламата се наежувам и одма правам планови како да ја организирам вечерта.  Нема комбинација на фејсбук па ќе морам сам да идам во диско, па може таму ќе излезе нешто. Имам само 5 минути да се спремам зашто ќе ми кидне последниот автобус, а да плаќам 300 денари за такси немам зашто боље тие пари ќе му ги пуштам на Џони да ми ја пее омилената песна. Ја оставам ракијата и салатата на маса и идам да се спремам. Се мислам дали да се туширам зашто и онака ќе се напраам мишка до диско, може и ако сум туширан да не ме пуштат на врата, а и можно е да ми избега наградата за смрдење на 100 метра во тешка категорија со пречки. Ја облакам мојата омилена бела кошула (раскопчана до пола у “V”) секако не издепилиран на груда да се види кој е мажот у диско, црна панталона и обавезно бела шпиц кондура, нормално 4 броја поголема за шпицот да влезе две минути пред мене у диско. Застаувам пред огледало, ставам пола кутиче гел, се залижувам јако да ми излезе исунчаното чело, зашто и онака сите знаат дека сум бил у грчка а јас бојата ја имам фатено на нива. Парфем не ставам и онака не иде на небањато.

Искачам од врата, газам пажљиво на петици затоа што голема е веројатноста да го закопам шпицот у кал. Пешачам полека до последна 57ца и внимавам да не ја испотам кошулата -  цела недела ја носам, рано е за перење. Стигнува автобусот а јас у тој момент ги зачистувам кодурите од тревата, сепак нема смисла со кал да се качувам у автобус. Се качувам у автобус кога гледам шоферот е комшијата со кој заедно мааме ракија пред продавница. Одма му викам комшо знаеш која песна да рока, а он како од пушка ја вади “Moja пјесма је до бола од кралот Ацо Лукас”.  Додека чекавме да тргне шефот извади едно шишенце ракија, па залеавме малку, а ја на ракија напраен магија му викам мајсторе вози побрзо накај град ќе ми почне Џони. Нормално седнувам на прво седиште до шоферот, и внимавам кој и што влага во аутобус може ќе се најде добро друштво за у диско.

Се симињам на рекорд и се чудам колку е променет градот, последен пат тука поминав сега скоро, пред две години со тракторот. Си размислив, морам почесто да излагам у град порано беше тапа а сега е топ за луѓе како мене. Намерно се симнав две-три станици поназад  да попешачам малку зашто и онака имам уште два саати до почеток на журката. Си мислам да здравам една пита бурек на Рекорд, не сум го пробал али кај мене многу го фалат.

Како се доближивам накај диско слушам како ечи Цеца, и одма од внатре ме тера на лошо (у глава си правам филмови за кршење чаши и тепање). Се избацувам на врата у диско го гледам вратарот во сандала и бела чорапа и си викам: каде бе со оваа комбинација сељачиште едно. У тој момент се сецнав како можев да го забораам копачот дома сега ќе имам проблеми за влез на врата. Му спомнав дека со Џони сме другари и некако успеав да влезам. Внатре беше многу топло, ја соблекувам кошулата, вадам рамбовка и одма се транформирам во летна варијанта . Како што влегувам одма се ширам и се фрлам по цело диско. Како што се редат песните така се редат и чашките на маса. Секоја песна ми буди спомени и сеќавања од минатото и ме тера да кршам. Си викам во овој момент недај боже некој да ме погледне попреку мислам дека ќе го скинам у две секунди. Атмосферата во диското беше многу јака, урбани фаци од околината на Скопје качени по маси, испотени со голема количина алкохол во нив сите наострени на тепање. Нарачав две-три песни и пуштив неколку пијачки на девојчињата околу мене . И покрај тоа што во диското 80 посто беше машка популација здогледав едно девојче кое ми изгедаше идеално за мене: носеше кратки панталончиња, маичка над пупак и бела лакована чизма до колена. Три пати и намигнав но кога видов дека нема знаци за заинтересираност од нејзина страна се откажав. Вечерта привршуваше а мене ми беше жал што додека им се ставав на девојчињата ми избегаа 5те најитересни тепачки во диското. Отидов до град со помисла дека ќе се најде нешто интересно но сепак сам ќе морам да си идам накај дома. Ај повеќе среќа нареден пат.

Идејки накај дома застанав до лесковачка да спукам еден сендвич со многу кромид за да биде вечерта целсна и како што треба. Ја фатив последната 57ца, во глава ми се вртеа стиховвите од песните на Лепа Брена и со многу алкохол во мене некако стигнав до дома. Како што влегов дома забележав дека шпицот ми е уништен од калта, а и ми текна дека кошулата ја забораив у диско. Така разочаран заклучив дека ова беше многу интересна вечер и еден убав провод кој мора да се повтори во брзо време.