Интересен ретро - тест за проверка: Колку го познавате Скопје?

Проверете дали ги знаете овие скопски населби. Не дека ако не сте ги виделе сите не сте вистински скопјанец, но е интересно да се проверите:

Вистинска убавина, ретка фотографија - која е оваа позната скопска улица.

Илинденска

Оваа скопска населба се наоѓа во западниот дел на Општина Гази Баба.Името го има добиено според железарата која се наоѓа во непосредна близина.

Железара

По Втората светска војна, во нејзина близина имало дом за воени сираци, а подоцна и дом за децата бегалци од Егејска Македонија. Овде живееле и пејачите Мирвет Беловска и Зафир Хаџиманов. 

Маџир маало

Оваа фотографија е пред земјотресот каде се гледа Градежно-Архитектонскиот факултет и ОУ ‘‘Коле Неделковски‘‘, бараката пред школото била на ‘‘Народна Техника‘‘ и тука се продавале материјали по ОТО.

Пазарчето ‘‘Буњаковец‘‘

На фотографијата може да се забележи дека пред многу години на оваа место имало кружен тек.

Центар -  Домот на градежниците

Прво што ни паѓа на ум кога ќе помислиме на потеклото на името на Општина е дека некогаш во некоја од денешните населби се наоѓал извор од кој течела кисела вода.Името потекнува уште од 18 век од времето на турскиот бег Усеин.

Кисела Вода