Интерактивна изложба „Математика на дофат“ во Кинотека на Македонија

Интерактивната изложба насловена „Математика на дофат“ ќе биде претставена во просториите на Кинотека на Македонија од утре (4 октомври) до крајот на месецот. Целна група на истата се деца и возрасни над 8 години.

Изложбата ја организира Институтот „Гете“ во соработка со „Математикум“ од Гисен, првиот интерактивен музеј за математика во светот. Со изложбата сетилно се претставува најапстрактната од сите науки.

„Со возбудливи експерименти дури и тешките феномени во буквална и преносна смила на зборот се сфаќаат“, велат од организаторите.

Влезот за изложбата е слободен.