Интензивни контроли на градилиштата во општина Аеродром

Нашите инспектори деновиве вршат интензивни контроли низ општината.

Градежен инспектор при увид на улицата „Гаврил Константиновиќ“, каде се врши ископ за почнување градежни активности, констатира дека инвеститорот не поседува правосилно одобрение за градење.

Поради тоа, на инвеститорот му се нареди да го врати ископот во првобитна состојба. Исто така, контроли се вршат и на градилиштата во Стар Аеродром. Комуналните редари, пак, само во текот на вчерашниот ден изрекоа пет мандатни казни за прекршоци.