Послушајте ги овие совети кои не ве обврзуваат на ништо, но можат да го подобрат вашиот живот:
Ако не ти е јасно – прашај.
Ако некој ти недостига – јави му се.
Ако сакаш нешто – побарај.
Никогаш не се расправај.
Ако сакаш да бидеш јасен – објасни.
Ако си згрешил – кажи го тоа и не си барај оправдувања.
Секогаш имај на ум дека секој има своја вистина и дека таа често не се поклопува со твојата.
Не комуницирај со лоши луѓе.
Во животот најважна е љубовта, сè друго е залудно.
Човековите проблеми постојат само во неговата глава.
Твоето опкружување не е ни зло, ни добро, нему му е сеедно.
Обиди се да извлечеш задоволство од секое случување.
Секогаш имај на ум дека немаш друг живот.
Не биди досаден.
Запомни дека не им должиш ништо на другите.
Запомни дека никој не ти должи ништо на тебе.
Немој да се каеш ниту за времето, ниту за парите кои си ги потрошил на задоволство.
Во животот секогаш сметај само на себе.
Верувај им на своите чувства.
Со луѓето биди трпелив.
Живеј денес, затоа што вчера веќе си заминало, а утре можеби никогаш нема да дојде.
Денешниот ден е најдобар ден.