Институтот за судска медицина излезе со соопштение: Еве кога ќе биде позната причината за смртта на Влатко Илиевски

Следната недела ќе бидат познати причините за смртта на Влатко Илиевски,  ова го потврдија денеска  од Институтот за судска медицина. Потребен е период да се реализира обдукцијата врз телото на пејачот  и да се утврдат вистинските причини за неговата прерана смрт.

Безживотното тело на Илиевски,  синоќа беше пронајдено во неговиот автомобил на улицата Трета македонска бригада во населбата Аеродром во Скопје.