Следната недела ќе бидат познати причините за смртта на Влатко Илиевски, ова го потврдија денеска од Институтот за судска медицина. Потребен е период да се реализира обдукцијата врз телото на пејачот и да се утврдат вистинските причини за неговата прерана смрт.
Безживотното тело на Илиевски, синоќа беше пронајдено во неговиот автомобил на улицата Трета македонска бригада во населбата Аеродром во Скопје.