Следната недела ќе бидат познати причините за смртта на Влатко Илиевски,  ова го потврдија денеска  од Институтот за судска медицина. Потребен е период да се реализира обдукцијата врз телото на пејачот  и да се утврдат вистинските причини за неговата прерана смрт.

Безживотното тело на Илиевски,  синоќа беше пронајдено во неговиот автомобил на улицата Трета македонска бригада во населбата Аеродром во Скопје.