Инстаграм предизвик #ПролетВоСкопје

Пролетта е убаво годишно време, а луѓето често велат дека Скопје е најубаво во пролет. 

Јапонските цреши на Максим Горки, сончевото Дебар Маало, шарената чаршија, јоргованите во околните маала, децата на велосипеди на Кеј. Се чини дека инспирацијата е насекаде околу нас. Токму поради тоа,  SkopjeInfo го отвора првиот пролетен предизвик “Пролетно Скопје“.

Што треба да направиш?

Треба да го фотографираш Скопје. Односно пролет во главниот град.  Твојата фотографија да ја објавиш  на твојот јавен инстаграм профил и да го тагнеш профилот на SkopjeInfo.mk на твојата фотографија и со хаштаг #skopjeinfo и #proletvoskopje.

За кого?

Ако ја сакаш фотографијата, тогаш ова е предизвик за тебе.

Какви фотографии?

Во игра влегуваат сите фотографии кои се направени во Скопје во пролет. Фотографиите можат да бидат фотографирани на секоја локација во главниот град, каде ќе успееш  да ја најдеш својата инспирација.

А, награди?

Секако!

Најубавата фотографија ќе добие парична награда од 300 евра. Ќе бидат доделени и парични награди од 200 и 100 евра, за втората и третата најдобра фотографија.  Дел од останатите  најдобри фотографии ќе бидат јавни изложени.  

До кога ?

Предизвикот почнува  од 04 април, а ќе трае до крајот на пролетта (21 јуни).

Не чекај! Твојот мобилен или фото апарат во рака. Скопје те чека.

nike air max 1 sale