Ова лето Охрид е интересна дестинација на домашните туристи. И покрај што градот е преполн, тој е вистинско место за уживање. Некои од нашите, домашни инстаграмџии со прекрасни фотки ја доловија летната атмосфера во Македонскиот бисер. Комплексот св. Наум, селото и плажата Трпеица и Љубаништа се помеѓу најатрактивните за фоткање ова лето.