Викендов Водно беше полно со посетители. Снегот си го направи своето, па сите оние кои беа во потрага по чист воздух, се упатија токму на Водно.
Водно е подеднакво убаво и во лето и во зима. Чистиот воздух, прекрасната природа, а сега и белата, снежна покривка, се само едни од причини зошто да се посети.
Инстаграмџиите и овој викенд беа задолжени да направат прекрасни фотографии и да ги споделат со нас, а истите имаат за цел да ве натераат да се качите во првото слободно време и да уживате во она што се нуди.