Инспиративни мисли на моќната Коко Шанел

Покрај тоа што е едена од највлијателните личности во светот на модата, Коко Шанел е моќната жена која често успеваше да го добие тоа што го сака, токму поради својот цврст карактер.

Ова се нејзините најинспиративни мисли.

Некои луѓе мислат дека луксузот е спротивно од сиромаштијата. Но, не е – тоа е спротивност од вулгарноста.

Најхраброто нешто е да размислувате за себеси. Гласно.

За да бидете незаменливи во овој свет, морате да бидете различни.

Живеете само еднаш :  бидете барем забавни.

Јас не создавам мода, јас сум мода.

Облекувај се без вкус и тие ќе го запаметат фустанот. Облекувај се одлично и тие ќе ја запаметат жената.

Мојот живот не ме правеше среќна, затоа јас го сменив.

Сè додека знаете дека мажите се како деца,знаете сè.

Не ми е грижа што мислите за мене, јас не размислувам за вас воопшто.

Модата се менува, но стилот останува.

Нема време за монотонија. Има само време за работа. И, време за љубов. Тоа не останува многу време.

Можете да бидете убави кога имате триесет, шармантни кога имате четириесет и неодолови остатокот од својот живот.

Најдобрата боја на светот е онаа во која изгледате убаво.