Инспиративна приказна од Чарли Чаплин : Кога навистина се засакав себеси?

Кога почнав да се сакам себеси, сфатив дека во секоја ситуација сум на вистинското место и во вистинско време. Така сфатив дека сѐ што се случува е вистинско, правилно и исправно. Така и станав мирен. Денес знам, тоа се нарекува доверба.

Кога почнав да се сакам себеси сфатив колку можеме да ги навредиме другите кога се обидуваме да ги натераме на нешто што ние го сакаме, иако знаеме дека моментот не е вистински и дека личноста не е подготвена на тоа, дури и кога таа личност сме самите ние. Денес знам, тоа се нарекува почит.

Кога почнав да се сакам себеси, престанав да размислувам за другите животи и видов колку околу себе имам поттик за подобро. Денес знам, тоа се нарекува зрелост.

Кога почнав да се сакам себеси престанав себеси да си го кратам своето слободно време и постојано да скициран некакви големи планови за иднината. Денес го правам тоа во што уживам и тоа што ме прави среќен на мој начин, и се смеам од срце. Тоа се нарекува чесност.

Кога почнав да се сакам себеси, побегнав од сѐ што не е здраво за мене, од луѓето, ситуациите и нештата и од сето она што ме одалечува од себеси. Порано го нарекував тоа здрав егоизам. Денес знам, тоа е љубов кон себеси.

Кога почнав да се сакам себеси, престанав да посакувам постојано да сум во право. Иако често грешев...Денес знам, тоа се нарекува скромност.

Кога почнав да се сакам себеси, препознав дека моето размислување може да ме направи тажен и болен. Но, кога побарав поддршка од срцето, умот ми стана сојузник. Денес знам тоа се нарекува мудрост на срцето.

Не треба да се плашиме од престојните кавги, проблеми и конфликти со себе и со другите. Понекогаш и ѕвездите се судираат една со друга и создаваат некои нови светови. Денес знам, тоа е живот.