Инспекторите посетиле над 1.500 објекти, изречени казни во вредност од девет милиони денари

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведува инспекциски надзори над примена на законите и прописите кои го опфаќаат работењето на правните и физичките лица, но и примената на прописите од областа на забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, и изрекува мерки со цел отстранување на утврдените неправилности и доследно спроведување на законите.

Во месец јануари 2023 година извршени се повеќе од 1500 надзори на цела територија на Република Македонија.

Од спроведените надзори констатирани се прекршоци направени од страна на субјектите за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 9 милиони денари, информираат од ДПИ.

ДПИ соопшти и поради што биле изречени казни:

- Закон за трговија издадени се над 30 прекршочни платни налози

- Закон за финансиска дисциплина издадени се над 100 прекшрочни платни налози

- Закон за заштита од пушењето издадени се над 40 прекршочни платни налози

- Закон за заштита на потрошувачите издадени се над 10 прекршочни платни налози

- Закон за вршење угостителска дејност над 20 прекршочни платни налози